20.4.2011 Потпретседателот на Терек го купува Ксамакс
Чеченскиот бизнисмен Булат Чагаев ќе стане сопственик на швајцарскиот прволигаш Ксамакс од Нојшател, пренесоа руските медиуми.
Клубот на официјалната
веб-страница објави дека преземањето е речиси завршено, но деталите не може да
бидат соопштени пред состанокот закажан за 12-ти мај. Чагаев е потпретседател
на рускиот прволигаш Терек од Грозни, кој неодамна го ангажираше познатиот
холандски тренер Руд Гулит. Претседател на Терек е Рамзан Кадиров, кој е
претседател и на Република Чеченија.
Ксамакс е осми на
табелата на првата лига од Швајцарија, со три бода повеќе од зоната за
испаѓање. Единствените шампионски титули ги освои во 1987 и 1988 година.