03.3.2012 Сервет повторно банкротира
Маџид Пишјар, сопственикот на швајцарскиот прволигаш Сервет, соопшти дека неговиот клуб банкротира.
„Ова е комплицирана одлука, која ја донесов со тешко срце. Немавме доволна поддршка од градските власти, како ни од локалните финансиери. И покрај сè, ќе останам да се борам за овој клуб“, стоеше во неговото соопштение.
Иранскиот бизнисмен во 2008 година стана сопственик на клубот, кој и пред три години, исто така, прогласи банкрот.
Сервет е втор швајцарски клуб кој банкротира оваа сезона, а претходно тоа му се случи на Ксамакс.
Овој клуб моментно го зазема четвртото место на табелата, а досега седумнаесет пати беше шампион на Швајцарија.