Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2012

Ксамакс исфрлен од првата швајцарска лига

Швајцарскиот тим Ксамакс од Нојшатл е исфрлен од најелитниот ранг по неполна година откако го презеде рускиот бизнисмен Булат Чагаев.

Швајцарската прва лига соопшти дека донела одлука за одземање на натпреварувачката лиценца од Ксамакс бидејќи клубот е под сомнение за фалсификување документи.
„Швајцарската прва лига ја одзеде лиценцата на Ксамакс за учество во натпреварувањата под нејзино покровителство“ се вели во соопштението на Лигата.
На Ксамакс претходно му беа одземени осум бодови поради нерегуларности во исплатата на даночните обврски и приходите на фудбалерите.
Чагаев, кој по потекло е од Чеченија, ги откупи повеќето акции на клубот во мај минатата година и тогаш изјави дека сака да го однесе Ксамакс во Лигата на шампионите.
Во меѓувреме, отпушти дури четири тренери, беше соочен со бојкот на навивачите и ги раскина договорите со неколку играчи.
Одлуката за исфрлање на Ксамакс од првата лига значи дека швајцарската Суперлига отсега ќе ја сочинуваат девет клубови.

Најнови вести