Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2011

Аршавин се враќа дома?

Зенит од Санкт Петербург потврди дека сака во своите редови да го врати играчот на Арсенал и руски репрезентативец Андреј Аршавин.

Играчот за врска на „топчиите“ е на удар на медиумите во Англија поради лошите игри во текот на оваа сезона, што и доведе до шпекулации за негово заминување од „Емиратите“.

Аршавин во Арсенал пристигна во 2009 година од Зенит за 15 милиони фунти, а директорот на Зенит, Игор Корнеев, призна дека е подготвен, доколку лондонскиот клуб реши да го пушти, со раширени раце да го дочека брзоногиот фудбалер.

Најнови вести