06.7.2011 Пјати за осум милиони евра во Валенсија
Аргентинскиот фудбалер Пабло Пјати е нов член на Валенсија, јавуваат шпанските медиуми.
Валенсија плати
осум милиони евра за повремениот репрезентативец на Аргентина и поранешниот
фудбалер на Алмерија која минатата сезона се пресели во Втората шпанска лига.
Дваесет и двегодишниот Пјати е втор фудбалер од Алмерија кој се приклучи на
Валенсија по бразилскиот голман Диего Алвеш. Аргентинецот игра на позиција на
лево крило, а се снаоѓа и како напаѓач.
Покрај
засилувањата, Валенсија и отпушта фудбалери. На Искусниот Давид Наваро му беше
дозволено да замине без отштета во швајцарскиот клуб Ксамакс.
Новиот тренер на
Валенсија, Унаи Емери, не сака ветерани во својот тим па затоа се ослободува од
нив, а во иднина ќе се фокусира на градење на екипата со млади и перспективни
фудбалери.