Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2011

Магат нов тренер на Динамо Москва?

Руските медиуми објавија дека Феликс Магат веќе ја договорил соработката со Динамо Москва и дека од јуни ќе го наследи Миодраг Божовиќ по што тој повторно ќе соработува со своите двајца поранешни фудбалери, Кевин Курањи и Звјездан Мисимовиќ.

Магат од неодамна потпиша договор со Волфсбург до 2013 година, па ако сака да замине за Москва, ќе мора да го раскине. Дека од овие шпекулации нема да има ништо, потврди и самиот Магат.

„Интерес од голем клуб со традиција, каков што е Динамо, сигурно е голема чест, но мене во Волфсбург ми е сосем добро“, рече педесет и седумгодишниот стратег.

„Никој не би бил посреќен од мене да ни дојде Магат. Некако тоа, за жал, не можам да си го замислам“, изјави за германските медиуми босанскиот играч за врска Звјездан Мисимовиќ, кој во 2009 година беше во Волфсбург под водство на Магат, кога го освоија германскиот шампионат.

Најнови вести