Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2012

Швајцарскиот фудбалски сојуз повторно му одзеде четири бода на Ксамакс

Поради нетранспарентно работење и неуредно водење на книгите Комисијата за лиценцирање на Швајцарскиот фудбалски сојуз веќе по втор пат во тековната сезона го казнува Ксамакс од Нојшател со одземање четири бодови.

Како и претходниот пат, во декемврискиот случај, кога криминалот е направен во текот на август и септември, Ксамакс и сега е казнет поради пропусти во работењето во текот на октомври минатата година. Всушност, администрацијата на клубот, која е во сопственост на чеченскиот бизнисмен Булат Чагаев, повторно не успеа да докаже дека им исплатила плата и придонеси на играчите, овој пат за октомври.
Клубот има право на жалба на решението. Поднесе жалба и на тоа од декември, но разгледувањето на жалбата сè уште трае. Без одземени бодови, со оглед на фактот дека решението и понатаму не е правосилно, Ксамакс по 18 одиграни кола во швајцарската Суперлига се наоѓа на четвртото место со 26 бодови. Со осум бодови помалку би паднал на осмото меѓу десетте суперлигаши.
Инаку, Чагаев во Швајцарија е сред криминална истрага која се однесува, наводно, на фалсификување на банкарски документи.