Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2012

Сопственикот на Ксамакс ги отпушти тренерот и сите играчи

Случувањата во Ксамакс од Нојшател не запираат. Откако Швајцарската фудбалска лига го исфрли клубот од прволигашкото натпреварување, сопственикот на поголемиот дел на клубот го распушти професионалниот погон.

По враќањето од зимските подготовки во Дубаи, Чеченецот Булат Чагаев, сопственикот на клубот, им објави на играчите дека може да си бараат нови клубови и дека сениорската екипа е распуштена.
Спортскиот директор Раул Савој ги извести локалните медиуми за многу конфузниот получасовен состанок одржан во Женева. Чагаев сите 30 минути зборувал на руски, додека неговата десна рака, потпретседателот Ислам Сатуев, преведувал на шпански и француски.
Швајцарската фудбалска лига на Ксамакс му ја одзеде лиценцата за натпреварување поради низа процедурални грешки во администрацијата на Чагаев. На некои фудбалери Чеченецот не им исплаќал плата, а на сите со месеци не им плаќал придонеси во пензиските фондови и здравственото осигурување, а, исто така, спорно е и сопственичкото право што го стекнал Чагаев со купувањето на поголемиот дел на акциите на клубот во мај минатата година.