Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2011

Курањи во Динамо до 2015 година

Поранешниот германски репрезентативец Кевин Курањи потпиша двегодишно продолжување на договорот со актуелниот клуб Динамо Москва.

Се работи за договор кој со рускиот прволигаш ќе го врзе до 2015 година.

Дваесет и деветгодишниот напаѓач во 2010 година, по пет сезони минати во Шалке, премина во редовите на Динамо. Оваа сезона досега десет пати се запиша во листата на стрелците, а обезбеди и осум асистенции во 28 првенствени натпревари.

Во дресот на репрезентацијата на Германија настапуваше во периодот од 2003 до 2008 година и одигра 52 меча, а притоа постигна 19 гола.

Најнови вести