Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2011

Анжи го смени тренерот

Прва жртва на засега неостварените амбиции на Анжи, очекувано, стана тренерот. По серијата неуспеси вчера отказ доби Гаџи Гаџиев, стратег со кого Анжи оствари неколку клучни успеси во неговата историја.

Додека да се најде нов стратег, неговата функција ќе ја врши Андреј Гордеев, а  како помошник ќе биде Бразилецот Роберто Карлос.

По водство на Гаџиев Анжи за првпат се најде во елитното друштво. Но откако клубот од Махачкала го купи дагестанскиот олигарх Сулејман Керимов, амбициите му пораснаа, по доведувањето на Роберто Карлос во клубот пристигнаа и Јури Жирков и Самуел Ето.

Во моментот кога Камерунецот ја изненади целата светска јавност и премина од Интер во Анжи, дагестанскиот клуб се наоѓаше на четвртата позиција и имаше одлични шанси да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона. Но сега, на пет кола до крајот на првенството е на седмото место, со шест бода помалку од третопласираниот Динамо Москва. За својот престој од еден месец Ето веќе постигна три гола, но неговиот сега веќе поранешен тренер го критикуваше овој играч велејќи дека може да даде многу повеќе.

Најнови вести