21.6.2011 Најдобриот руски судија загина во авионска несреќа
Меѓу четириесет и четворицата загинати во авионската несреќа, кога авион од марката Тупољев се урна на северот на Русија, загина и фудбалскиот судија Владимир Петај.
Оваа вест ја пренесоа руските медиуми, наведувајќи дека триесет и
осумгодишниот Петај бил на листата на патници, а дека неговото име не се наоѓа
меѓу оние осум коишто ја преживеале несреќата. Оваа информација сè уште чека на
официјална потврда.
Петај минатиот вторник го одработи својот јубилеен стоти натпревар во
руската Премиер лига, судејќи го дерби-натпреварот меѓу Рубин Казањ и Динамо
Москва.
Во рускиот шампионат тој суди веќе од 2003 година, а во 2010 година се
здоби и со знак на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).