Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2014

Бутнер прејде во Динамо Москва

Александер Бутнер, неодамнешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, направи трансфер во Динамо од Москва, соопшти рускиот клуб.

Деталите на трансферот не се објавени, а холандскиот играч, кој на позицијата лев бек ќе го замени Марко Ломиќ, ќе го носи дресот со број три.
„Сакам да играм во Лигата на шампионите и да освојувам трофеи. Динамо има силен тим и уверен сум дека во претстојната сезона ќе се бориме за титулата. Познавам неколкумина од новите соиграчи и се надевам дека ќе бидеме успешни. Мило ми е што дојдов во ваков клуб“, изјави Бутнер.
Бутнер во текот на двете сезони во Јунајтед одигра 28 натпревари и постигна два гола.
Тој е производ на младинската школа на Ајакс, а играше и за Витесе.


Најнови вести