Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2012

Украина во проблеми – десет играчи болни

Украина, коорганизаторот на претстојното Европско првенство, има огромни проблеми - десет фудбалери заработија стомачен вирус по поразот на пријателскиот натпревар против Турција.

Десет играчи веднаш по мечот се пожалија на здравствени проблеми, а Анатолиј Тимошчук дури е приклучен и на инфузија.
„Тимошчук се наоѓа во многу лоша состојба, во моментов прима инфузија. Работата е сериозна, ја чекаме одлуката на медицинскиот тим, ова е огромен проблем“, рече селекторот Олег Блохин.
Освен Тимошчук, на болки во стомакот се пожали и Андриј Вороњин, а причината за масовното заболување сè уште не е позната.
„Не знаеме како се заразиле, сите јадеа различна храна. Добра работа во сето ова е што имаме една седмица да закрепнеме. Среќа во несреќа е што сето ова не се случи на 11-ти јуни“, додаде Блохин.

Најнови вести