Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2012

Петреску ја напушти клупата на Кубањ

Поранешниот одбранбен играч на романската фудбалска репрезентација и Челзи, 44-годишниот Дан Петреску, ја напушти клупата на рускиот фудбалски прволигаш Кубањ од Краснодар.

„Овде сум веќе три години и сè што направив беше најдоброто што можев“, рече Петреску, чие поднесување оставка го изненади сопственикот на клубот Олег Мкртичан.
„Веднаш по победата против Краснодар, Петреску ми пријде и ми рече дека сака да си замине. Никогаш не очекував дека ќе слушнам да го каже тоа. Жал ми е поради Петреску, но мораме да ја почитуваме неговата желба бидејќи направи големи работи за клубот“, објасни претседателот на Кубањ.
Петреску во Кубањ дојде во декември 2009 година и веќе следната сезона го однесе клубот во елитната класа на рускиот фудбал. Клубот во моментот на неговото заминување се наоѓа на осмото место на табелата на руското првенство, со шест бодови по четири кола.

Најнови вести