26.10.2011 Гајтан го продолжи договорот
Николас Гајтан го продолжи договорот со Бенфика до 2016 година.
Гајтан игра одлично оваа сезона, а и воспостави доста квалитетно
партнерство со Нолито, кој ова лето го засили тимот.
Дваесет и тригодишниот Аргентинец дојде од редовите на Бока јуниорс, а
освен што ќе добива поголема плата, сега доколку некој сака да го купи, ќе мора
да издвои најмалку четириесет и пет милиони евра.
Освен за Бока јуниорс и за Бенфика, овој офанзивен играч за врска одигра и
шест натпревари за репрезентацијата на Аргентина, но сè уште нема постигнато
погодок.