Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2014

Меси: Продолжуваме да го остваруваме сонот

Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Аргентина, изјави дека е задоволен од играта против Нигерија и најави дека соиграчите и тој ќе продолжат со остварување на сонот што го зацртале.

Аргентина вчера ја совлада Нигерија со резултат 3-2, во натпреварот во којшто Меси блескаше со два ефективни погодоци.
„Пронајдовме простор и создадовме повеќе шанси. Добра работа е што се подобривме во однос на минатиот натпревар. Преубаво е она што го доживуваме со луѓето. Ќе продолжиме да го остваруваме сонот што сите го сакаме“, изјави Меси.
Алехандро Сабела, селекторот на Аргентина, беше многу задоволен од играта на своите избраници.
„Одигравме добар натпревар и создадовме многу добри шанси бидејќи имавме многу офанзивен тим. Екипата напредуваше, направи многу шанси коишто можеа да му наштетат на противникот“, изјави Сабела.
Тој уште во првото полувреме мораше да го замени напаѓачот Серхио Агеро.
„Агеро има проблем со мускулот и ќе биде прегледан. Меси го извадив за да го сочувам“, додаде Сабела.

Најнови вести