Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2011

Возњацки елиминирана во третата рунда на Ролан Гарос

Светскиот рекет број еден во женска конкуренција, Каролина Возњацки, е елиминирана во третото коло со 6-1, 6-3 од Даниела Хантукова.

Мечот на теренот „Сузан Ленглен“ многу потсети на ланскиот дуел на Возњацки на Вимблдон во четвртата рунда кога загуби со 6-2, 6-0 од Петра Квитова. Се очекуваше Данката на Ролан Гарос да покаже многу повеќе ако сака биде сметана за најдобра тенисерка на светот.

Возњацки победи на земја на турнирот во Брисел минатата недела но јасно е дека не и лежи најдобро оваа подлога откако со тешкотии ја совлада Александра Вознијак во второто коло во Париз во средата. Канаѓанката Вознијак не успеа да го искористи тоа, но 28 годишната Хантукова ја декласираше во два сета и го направи најголемото изненадување во Париз во досегашниот тек на турнирот.

Најнови вести