Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2017

Серхио Агуеро заврши во болница во Краснодар

Серхио Агуеро, напаѓачот на репрезентацијата на Аргентина, е префрлен во болница по завршувањето на пријателскиот натпревар со Нигерија во Краснодар.

Аргентина е поразена со резултат 4-2, а играчот на Манчестер сити беше еден од стрелците за „гаучосите“, но потоа се онесвестил во соблекувалната.
Агуеро бил префрлен во болница, каде што му се вратила свеста, но останал на тестирања.
„Агуеро на натпреварот меѓу Аргентина и Нигерија во Краснодар имал мала вртоглавица, по што побарал да биде прегледан и било утврдено дека е од замор. Потоа, тој добил дозвола од докторите за да се врати во Манчестер и да игра на следниот натпревар од Премиер лигата. Сакаме да ги разјасниме работите и да прецизираме дека тој беше во болница од превентивен карактер. Уште еднаш ќе биде превентивно прегледан пред натпреварот со Лестер, кој ќе се игра овој викенд“, изјавија од Манчестер сити.
Тој неодамна доживеа сообраќајна несреќа во Амстердам, поради што мораше да паузира извесно време.

Најнови вести