Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2015

Берни Еклстоун ја потврди приказната на Јон Циријак: Сакавме да го купиме Вимблдон

Берни Еклстоун, газдата на Формула 1, потврди една друга чувана тајна. Всушност, тој ги потврди зборовите на Јон Циријак, колега по стратешка генијалност, но во тенисот.

Романецот, кој стекна милијарда долари поминувајќи го патот од тениски тренер и менаџер до бизнисмен и сопственик на големите турнири, прв ја спомена таа приказна на неодамнешната церемонија во Лондон на која прими некоја награда, но дури сега таа протече низ јавноста.
„Седев со Берни Еклстоун на Вимблдон и разговарав. Дождот три пати го прекинуваше натпреварот меѓу Горан Иванишевиќ и тој на паузата ме праша: ’Колку заработува Вимблдон?’ Му реков, можеби 50-60 милиони“, изјави Циријак, кој во тоа време беше менаџер на високиопласираниот тенисер од Сплит, но не го постигна очекуваниот успех.
Иако на почетокот на соработката нудел разни обложувања дека Иванишевиќ пет пати ќе го освои Вимблдон, тој во тоа успеа само еднаш, и тоа на крајот на кариерата, кога веќе не ни соработуваше со Романецот.
Циријак светската слава и богатството ги постигна со Бекер, бидејќи прво беше негов тренер, а потоа, кога Борис, по освојувањето на првиот Вимблдон во 1985 година, стана светска ѕвезда, премина во менаџери.
Тогаш и наеднаш се збогати бидејќи соработката со Бекер му ја отвори вратата на големите германски компании. Сега е сопственик на Мастерс 1.000 во Мадрид.
„Берни веднаш предложи: ’Ти и јас треба да го купиме Вимблдон за 600 милиони. Би подигнале покрив на централниот терен за два месеца’“, изјави Циријак пренесувајќи ги зборовите на својот пријател.
Еклстон во лондонскиот „Телеграф“ ја потврди целата приказна.
„Сè е точно сто отсто. Во тоа време баравме начин да го преземеме целиот турнир АТП и да го водиме тенисот. Јон е мој одличен пријател, водеше повеќе турнири од кого било на светот. Бевме многу сериозни, разгледувавме дали тоа беше изводливо, но, сепак, никогаш не дојдовме до официјална понуда за купување“, изјави Еклстон.

Најнови вести