Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2016

Шок на Вимблдон: Квери го исфрли Ѓоковиќ

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ е поразен во третото коло на Вимблдон од Сем Квери во четири сета (7:6, 6:1, 3:6, 7:6).

Откако во петокот Квери доби два сета и беше убедливо подобар на теренот, мечот беше прекинат поради дожд пред почетокот на третиот сет.
Ѓоковиќ подобро го почна продолжението вчера и поведе со 4:0 во третиот сет, а потоа повторно почнаа прекините поради дожд.
Српскиот тенисер имаше шанса да го воведе мечот во петти сет, но не успеа да го освои четвртиот сет на свој сервис при резултат 5:4.
Квери тогаш врати брејк и по новиот прекин поради дождот сетот отиде во тајбрејк во кој Американецот беше подобар и ја прекина серијата од 30 победи по ред на Новак Ѓоковиќ на Грем слем турнирите и шансата да го освои и календарскиот Грен слем.
Ова е прв пат од 2009 година српскиот тенисер да биде елиминиран во првата седмица на некој од Грен слем турнирите.
Квери во следното коло ќе игра против Никола Мауи кој беше подобар од Пјер Иго Ербер.

Најнови вести