Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Во Синсинати „мириса“ на финале Ѓоковиќ – Федерер

Во полуфиналето, Ноле игра со Чилиќ, а Швајцарецот со Гофан

Новак Ѓоковиќ успеа за неколку часа да ги совлада Григор Димитров и Милош Раониќ, па се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Синсинати, САД. Во полуфиналето, Србинот ќе има дуел со Хрватот Марин Чилиќ. 
Ѓоковиќ синоќа најпрвин го доигруваше мечот со Димитров, и успеа да го добие, а потоа мораше да игра и против Канаѓанецот Раониќ. Тенисерите водеа голема тричасовна битка, но на крај триумфираше некогашниот светски рекет број 1, со 7-5, 4-6, 6-3. Раониќ имаше дури 21 аса, но грешеше многу повеќе од противникот. 
Во четвртфиналната швајцарска пресметка, Роџер Федерер излезе како победник против сонародникот Стен Вавринка со 6-7, 7-6, 6-2, но и таму се водеше голема битка. Федерер седум пати го има освојувано Мастерсот во Синсинати, а во следната рунда ќе игра со Давид Гофан. Белгиецот го победи Хуан Мартин Дел Потро со 7-6, 7-6. И Дел Потро вчера играше два меча, но откако го надигра Ник Кигрос, немаше сили и нерви против Гофан. 

 

Најнови вести