Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Ѓоковиќ на интересен начин се утеши за поразот

Србинот загуби од тинејџерот Циципас, додека Рафа Надал беше сигурен против Вавринка

Новак Ѓоковиќ изненадувачки е елиминиран во третото коло на турнирот во Торонто. Србинот загуби од Стефанос Циципас од Грција со 6:3, 6:7(5), 6:4. Гркот кој има само 19 години е поранешен светски јуниорски првак, а со оваа победа над Ноле, потврди дека се работи за талентиран тенисер. 
Ѓоковиќ беше разочаран по поразот, но имаше интересен начин да се утеши, велејќи дека е подобро сега да загуби, отколку кога ќе дојде гренд слемот во САД. 
„Ниеден пораз не може да ме израдува, посебно во оваа фаза од турнирот. Тоа ме фрустрира, но мора да продолжам да работам. Следен е турнирот во Синсинати. Тоа е единствениот турнир од Серијата 1000 што го немам освоено. Против Циципас не играв добро од основната линија. Се случуваат вакви денови. Подобро сега, отколку на УС Опен“, рече Ѓоковиќ. 
За разлика од Србинот, Рафаел Надал во дербито против Стан Вавринка победи со 7:5, 7:6 (4) и се пласираше во четвртфиналето. 
Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска: Хасе – Шаповалов 7:5, 6:2, Хачанов – Иснер 7:6 (5), 7:6 (2), Зверев - Медведев 6:3, 6:2, Чилиќ - Шварцман 6:3, 6:2. 

Најнови вести