Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Ѓоковиќ со пресврт над Манарино до пласман во осминафинале

Србинот се намачи против 28-мо рангираниот тенисер во светот, Адриан Манарино, во второто коло од мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ наиде на проблеми во второто коло на АТП турнирот во Синсинати, Србинот се извлече од негатива и победи (4-6, 6-2, 6-1) против Адријан Манарино. 

По израмнетите сили на стартот од мечот, Манарино успеа да направи брејк за 3-4, што му помогна да го освои првиот сет. Сепак, Ѓоковиќ брзо ја пронајде својата форма, сетот го освои со 6-2, откако го натера противникот три пати да загуби гем на свој сервис, и израмни на 1-1. Во одлучувачкиот сет Новак го зајакна темпото и експресно стигна до 6-1 и обезбеди пласман во следната рунда.

Во осминафиналето Ѓоковиќ го чека подобриот од дуелот Миша Зверев и Григор Димитров.


 

Најнови вести