Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Ѓоковиќ се нуди да игра со Чилиќ во Вуковар

Доколку најдобриот српски тенисер замине во градот во источниот дел на Хрватска и игра со својот хрватски колега, тоа би било спектакл

Веста дека Новак Ѓоковиќ би можел да заигра во Вуковар, на детскиот тениски камп кој го помага Марин Чилиќ, предизвика големо внимание во Србија и Хрватска, но, сепак, е само дезинформација. Чилиќ на „Инстаграм“ напиша дека тој, Дејан Ловрен и Шиме Врсаљко бараат четврти спортски ас кој би учествувал на кампот, а во еден од коментарите се јави и Ѓоковиќ, кој повеќе на шега се понуди да се пријави за настап и праша што е потребно за да се помине кастингот, а додаде дека има рекет од производителот „Хед“, ако тоа е услов. 
Хрватите сериозно го сфатија Ноле, па почнаа да објавуваат дека „мириса“ на егзибициски меч помеѓу Чилиќ и Ѓоковиќ во Вуковар, градот кој најмногу настрада за време на војната помеѓу хрватските бранители и војската на тогашна Југославија, во чии редови имаше најмногу Срби. 
Но, од Србија негираат дека Ѓоковиќ наскоро би отпатувал во тој дел на Хрватска. Имаше шпекулации и дека Чилиќ и Ѓоковиќ би играле пријателски меч на „неутрален терен“ во Мостар. Сепак, и од тоа засега нема ништо, двајцата тенисери се фокусирани на настапите на американската серија Мастерси.



Најнови вести