Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Меч на денот – Чарлтон против Вимблдон, дерби на Јужен Лондон со многу страст

Ривалите од Лига 1 во Англија, Чарлтон и Вимблдон денеска ќе играат меѓусебе во таканареченото натпреварување „Чекатрејд Трофи“, а ова е еден од најинтересните дуели на стартот

Ривалите од јужен Лондон, Чарлтон и Вимблдон, денеска ќе ги одмерат силите во натпреварувањето кое води на „Вембли“ на финален меч, во таканаречениот „Чекатрејд Трофи“ куп на Англија. Играат екипи од Лига 1, Лига 2 и дел од познатите фудбалски Академии на премиерлигашите.
Чарлтон и Вимблдон годинава се ривали во Лига 1, а нивните мечеви се исполнети со многу страст бидејќи се работи за две екипи кои гравитираат кон Јужен Лондон.
Денеска на познатата „Долина“, како што го нарекуваат стадионот на Чарлтон, ќе се игра еден поинаков меч во Куп натпреварувањето во кое учествуваат 64 екипи. Чарлтон и Вимблдон се во петнаесеттата група, а целта е да се стаса до финалето на „Вембли“. Домаќините ги предводи познатиот фудбалски бунтовник Ли Бојер, играч познат по својот темперамент додека настапуваше во Премиер лигата. Сега е во улога на менаџер на Чарлтон во обидот да му го врати сјајот на популарниот Атлетик од деновите кога клубот настапуваше во Премиер лигата. Таму одредено време играа и момците од Вимблдон во славниот период на клубот. Познатата „Луда банда“ (Crazy gang), предводена од легендарните фудбалери Вини Џонс, Денис Вајс, Џон Фашану..., жареше и палеше на терените во Англија во последната декада од минатиот век и мал дел од првата деценија на новиот милениум. Клубот беше пред распаѓање, откако сопственикот одлучи да го формира Милтон Кејн Донс и да се пресели на друга локација. Навивачите на Вимблдон не дозволија клубот да им пропадне, па екипата почна од најнизок ранг на натпреварување во 2002 година. И во следните 13 години напредуваше вкупно за шест рангови на натпреварување, за моментно да настапува во Лига 1, заедно со денешниот ривал Чарлтон.
Дербито на Јужен Лондон ќе се игра вечерва, од 20.45 часот и нашите облужувалници нудат 509 различни игри за овој дуел. За победа на Чарлтон коефициентот е 3,10, ремито вреди 3,20, а победа на Вимблдон е со квота 2,20.

 

Најнови вести