Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Гофан се откажа, Федерер си закажа ново финале против Ѓоковиќ во Синсинати

Роџер Федерер повторно ќе игра во финалето на АТП турнирот од Мастерс серијата во Синсинати, по четвртипат против Новак Ѓоковиќ, откако неговиот противник во полуфиналето, Давид Гофан се откажа поради повреда на почетокот на вториот сет

Роџер Федерер ќе го неверојатното 150. тениско финале во кариерата, а јубилејот ќе биде на еден од неговите омилени турнири, во Синсинати и тоа против големиот тениски ривал Новак Ѓоковиќ.
Швајцарецот имаше и доза на среќа, бидејќи во полуфиналниот дуел се повреди неговиот ривал Давид Гофан, при резултат, 7:6,1:1 за Федерер и мораше да го предаде мечот. Тоа значи повеќе одмор за ветеранот пред завршниот меч со Ѓоковиќ, во нивното четврто финале во Синсинати. Единствен турнир од Мастерс серијата што Новак го нема освоено, иако играше дури пет финалиња. Три од нив ги загуби токму од Федерер и сите со резултат 0:2.
Легендарниот Швајцарец не знае за пораз во финалињата во Охајо, а ги играше точно 7 и секој пат го креваше трофејот. Сега со нетрпение се очекува нов дуел на двајцата врвни тениски асови, кои пак ќе играат меѓусебе по пауза од над две години. 
Финалето е закажано за денеска од 22 часот, а и Федерер и Ѓоковиќ му се приближија на рекордерот Рафаел Надал според настапите во финалните мечеви на АТП турнирите од Мастерс серијата 1000. Федерер ќе го игра 48. финале и има само едно помалку од Шпанецот, а Ѓоковиќ по 45. пат ќе се бори за трофеј на мастерсите и за прв во Синсинати.

 

Најнови вести