Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Ѓоковиќ е виновен што Надал нема да го стигне Федерер

Чичкото на Надал, смета дека Рафа испуштил голема шанса на годинешниот Вимблдон

Тони Надал, кој му е чичко и поранешен тренер на тенисерот Рафаел Надал, изјави дека Новак Ѓоковиќ го спречил неговиот внук да стане најуспешниот во историјата. Ѓоковиќ пред неколку недели во полуфиналето на Вимблдон го елиминираше Надал, а според зборовите на Тони, тоа бил и решавачки момент во трката за најтрофеен тенисер во историјата. 
Популарниот Рафа остана на 17 гренд-слем титули, три помалку од Федерер. Според 58-годишниот Тони Надал, Рафа можеби и ќе го стигнел Федерер ако славел во Лондон.
„Некогаш победувате, некогаш губите, тоа е спортот, мора да бидете подготвени на сите можни сценарија. Рафа играше добро на Вимблдон, можеше да го освои. Тоа му беше шанса да се доближи до рекордот на Федерер, беше блиску, и затоа сите бевме толку разочарани после поразот од Ѓоковиќ“ – изјави Тони Надал. 
Тони го пофали и Србинот, кој има 13 гренд-слем трофеи, а рече дека она што ги одвојува најдобрите тројца од останатите е што сакаат постојано да напредуваат. 

 

Најнови вести