Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Ѓоковиќ кажа кој е клучот на неговиот успех

Српскиот тенисер по големата криза што ја имаше, сега повторно е оној стариот и реди победи

Иако ќе биде шести носител, Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за титулата на претстојниот Гренд слем турнир, Отвореното првенство на САД. Ноле веќе стигна во Њујорк и ќе се обиде да стигне до 13-тата Гренд слем титула во кариерата, втора сезонава. 

Но, до пред некој месец не изгледаше дека Ѓоковиќ ќе се врати на врвот, а сега тој вели дека знае кои му биле грешките во минатото. Најголем проблем му било што немал трпение, и тоа заедно со повредите, неговото враќање до врвот го направиле многу потешко отколку што очекувал. По триумфот на Вимблдон и Мастерсот во Синсинати, јасно е дека повторно е оној стариот Ѓоковиќ. 

„Една од најважните работи кои ги научив за себе е дека порано сум бил многу нетрпелив. Најтешко ми беше да најдам начин да бидам трпелив. Порано не сум имал повреди, а на лактот морав да му се посветам сериозно, затоа и отидов на операција. Поради патот кој го минав, титулите во Вимблдон и Синсинати ми се посебно драги“, вели Ѓоковиќ, кој денеска ќе го дознае противникот за првото коло на последниот Гренд слем годинава. 

 

Најнови вести