Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Ќе има ли реванш – Ѓорческа е подотвена за изненадување против Фет

Лина Ѓорческа приреди изненадување со победа против Лорен Дејвис во првото квалификациско коло за настап на американскиот Гренд слем во Њујорк, а денеска од 20 часот ќе се обиде да оди и понатаму

Противничка на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска од 20 часот, на „Флешинг Медоуз“ ќе ѝ биде Хрватката Јана Фет. Девојката која е помлада за две години од Лина и има позитивен биланс против неа.
Фет пред три години во Анкара славеше со 6:4, 6:0, а тоа е единствениот нивни меѓусебен дуел. Проблем за нашата тенисерка е што долго паузираше поради повреда на раката, имаше и оперативен зафат, но со играта против Дејвис пријатно изненади. Покажа дека проблемот е надминат, па сега ќе се обиде да ѝ се реваншира на Фет за поразот од Анкара и да го израмни најдобриот резултат на Гренд слем турнирите од преклани, кога на Отвореното првенство на Австралија играше во третото квалификациско коло.
Фет е и подобро рангирана во моментов, со место број 128 на ВТА-листата. Ѓорческа е на 604-тата позиција.

 

Најнови вести