Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Ѓоковиќ против традицијата – Три порази на три финални дуели против Федерер во Синсинати

Мастерсот во Синсинати е единствениот АТП турнир кој Ѓоковиќ го нема освоено, а пет пати претрпувал пораз во финале, три пати само од Федерер

Новак Ѓоковиќ помина тежок пат кон финалето на мастерсот во Синсинати. Србинот стигна до шестото финале во неговата кариера на овој турнир, но интересно, ниту еднаш не заминал како победник во финалниот меч. Новак два пати губел од Енди Мареј, а дури еден пораз повеќе брои против неговиот вечерашен противник, Роџер Федерер. Швајцарецот пак, дури седум пати славел на овој турнир, последен пат го освои во 2015 година, играјќи во финалето токму против Ѓоковиќ.

Во вкупните меѓусебни дуели Србинот води со 23-22 против Федерер, можеби тоа ќе биде дополнителен мотив во борбата против традицијата на вечерашниот тениски класик.

Дуелот Ѓоковиќ – Федерер започнува вечерва во 22:00 часот, а според нашата понуда, Швајцарецот е благ фаворит при квота за победа од 1.88, додека за евентуален „кец“ на Ѓоковиќ е 1.97.

Најнови вести