Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Ѓоковиќ рутинирано на стартот од Синсинати, победа и за Вавринка

Српскиот тенисер се бореше и против Американецот Џонсон, но и против публиката

Новак Ѓоковиќ во првото коло од АТП мастерсот во Синсинати се соочи со еден од милениците на домашната публика, Стив Џонсон, елиминирајќи го во два сета со 6-4, 7-6.

Поранешниот број еден во светот пред себе имаше рамноправен противник и во двата сетови, до првиот брејк, успеа да стигне до резултат 5-4, со што го освои и првиот сет. Во моменти кога се чинеше дека без потешкотии ќе го заврши мечот, Џонсон освои четири последователни гема при резултат од 3-0 за Новак. Сепак, Србинот успеа да го сврти сетот во своја корист, па по тај-брејк издвои пласман во следната рунда. Во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Французинот Адријан Манарино.

Швајцарецот Стен Вавринка пласман во следното коло обезбеди по три одиграни сета против Диего Шварцман, 6-2, 4-6, 6-3. По лесно освоениот прв сет на Вавринка, Аргентинецот возврати со иста мера, за на крајот Стен со два брејка да го скрши отпорот на противникот за да обезбеди средба против Нишикори во следната рунда.

Најнови вести