Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2012

Возачите не сакаат да возат во Бахреин

Возачите на циркус Формула 1 стравуваат да возат во Бахреин по последните случувања во таа земја, како и по информациите дека механичарите од Форс Индија биле нападнати на патот кон својот хотел.

Најгласен од сите беше Џенсон Батон, возачот на Мекларен, кој вели дека не е сигурно да се вози оваа трка во земја каде што е нестабилна безбедносната ситуација.
Челниците на ФИА, заедно со сопственикот на Формула 1, Берни Еклстоун, им порачаа на сите екипи дека трката во Бахреин ќе се вози и покрај сите случувања во таа земја.
„Се надевам дека ФИА знае што прави. Немам многу информации за состојбата во Бахреин, но доколку тие велат дека е безбедно, тогаш тоа треба да го сториме. Не верувам дека би нè изложиле на ризик“, рече Батон, моментно третопласиран во генералниот пласман со 43 бодови, два помалку од лидерот и клупскиот колега Луис Хамилтон.
Владата на Бахреин порачува дека тимовите и возачите не се во опасност, но, од друга страна, стигнуваат протести поради одржување на оваа трка бидејќи, како што тврдат протестантите, диктаторската власт ја користи оваа спортска манифестација за сопствени цели.

Најнови вести