Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Човекот кој често го посетува Шумахер има порака за фановите

Состојбата со германскиот првак е речиси непроменета

 
Претседателот на Формула 1, Жан Тод е еден од привилигираните луѓе кои имаат можност почесто да го посетуваат Михаел Шумахер. Некогашниот светски првак речиси пет години е во индукцирана кома, по повредите кои ги здоби на главата, по падот за време на скијање во Франција. 
Сосотојбата со германскиот првак е речиси непроменета, а и речиси да нема никакви информации за тоа дали некогаш ќе успее да се разбуди. Семејството Шумахер бара јавноста да прекине да се интересира за Шумахер, а тоа го порача и Жан Тод. 
„Михаел е опкружен со семејството и блиските. Се чувствувам привилегиран што имам право да го посетувам, но неговот здравје е негова лична работа. Мислам дека е време да го пуштите Шумахер да живее во мир“, вели Тод. 
Во неверојатно успешната кариера Шумахер освои седум шампионски титули, а се пензионираше во 2012 година. 

Најнови вести