Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Фетел најбрз на првиот тренинг во „Спа“ по летниот распуст

Возачот на Ферари беше најбрз на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Белгија

Шампионатот во Формула 1 продолжува овој викенд по едномесечната летна пауза. Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, беше најбрз на првиот тренинг на патеката „Спа“ во Белгија, со време од 1:44,358 минути. 

Како втор најбрз се истакна возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен со заостанување од 0,151 секунди, додека трето најдобро време постигна Луис Хамилтон со заостанување од 0,318 секунди зад возачот на Ред Бул. Раиконен оствари четврто најдобро време со заостанување од 0,360 секунди, а во првите пет се најде Ботас од Мерцедес со заостанување од 0,366 секунди.

За Ботас квалификациите нема да важат, бидејќи поради казна, трката во недела ќе ја започне од последната позиција. Мерцедес и Ферари ќе ги претстават новите мотори на оваа трка, а Ботас е казнет поради неколку дополнителни делови во моторот кои според правилата на Ф1 не се дозволени.

Во текот на денот ќе се вози и вториот тренинг, за утре е закажан третиот, како и квалификациите, додека самата трка е закажана во недела, со почеток од 15.10 часот.

Во пресрет на трката за Големата награда на Белгија, актуелниот шампион Хамилтон и натаму е прв на генералниот пласман со 213 бода, зад него е Фетел со освоени 189 бода, додека на трето место се наоѓа вториот возач на Ферари, Кими Раиконен со 146 бода.

Најнови вести