Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Агуеро во двојна улога – асистираше за гол и победа на Манчестер сити, па му помагаше на Брандл во Формула 1

Серхио Агуеро имаше двојна улога на асистент викендов, најпрво во саботата како креатор на победата на Манчестер сити против Њукасл со прецизно додавање до стрелецот Кајл Волкер, а потоа вчера во Формула 1, како совозач на Мартин Брандл

Серхио Агуеро вчера беше во сосема поинаква улога, на Гран при наградата во Монца во Формула 1 ги почуствува брзините како копилот на легендарниот Мартин Брандл.
Агуеро беше ВИП гостин во Монца, се дружеше со пилотите во Ф1, најмногу со Рикијардо и Ферстапен, а потоа и заврте некој круг во болидот што го управуваше Брандл.
Само ден претходно, аргентинскиот ас асистираше на многу поважен спортски настан за него, на дуелот меѓу Манчестер сити и Њукасл. Со прецизно додавање до Кајл Вокер, Агуеро му помогна на шампионот да победи со 2-1 и да остане при врвот во Премиер лигата, моментно на четвртото место.

 

Најнови вести