Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2018

Хамилтон победи во Азербејџан и го презема првото место

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи во трката за Големата награда на Азербејџан во Баку.

Англичанецот во хаотичната трка во Баку ја оствари првата победа во сезоната, а вкупна 63-та во кариерата. Тој до првата позиција стигна откако на неговиот клупски колега Валтери Ботас му пукна пневматикот на три круга до крајот.
Второто место го зазема возачот на Ферари Кими Рајконен, а трет беше Серхио Перес од Форс Индија.
На четвртата позиција заврши Себастијан Фетел од Ферари, петти беше Карлос Саинц од Рено, а шести Шарл Леклер од Заубер.
Бодови освоија и возачот на Мекларен Фернандо Алонсо, Ленс Строл од Вилијамс, Стогел Вандорн од Мекларен и возачот на Торо Росо, Брендон Хартли.
Со оваа победа актуелниот шампион Хамилтон го презема првото место во шампионатот и сега има три бода повеќе од Фетел.
Следната трка на програмата е на 13-ти мај за Големата награда на Шпанија.

Најнови вести