Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Хамилтон славеше во „домот на Ферари“

Тифозите на трибините во Монца очекуваа победа, но си заминаа разочарани и со свирежи го испратија најбрзиот

Откако Себастијан Фетел неодамна славеше во Велика Британија пред фановите на Луис Хамилтон, сега светскиот првак се реваншираше, со триумф на Монца, па британската химна се интонираше во Италија во чест на победникот. 
На седум трки до крајот на Ф1 сезоната, Хамилтон има доста голема предност (30 поени) во однос на Фетел. Клучниот момент се случи на осум круга до крајот, кога Хамилтон го престигна дотогаш водечкиот Кими Раиконен од Ферари. Финецот водеше во најголем дел од трката, но гумите му беа истрошени и мораше да се задоволи со втората позиција. Раиконен пет години нема победа во Формула 1. 
Трети низ целта мина клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас. И Ботас има заслуга во победата на возачот на Мерцедес, бидејќи го „заглави“ Раиконен кога тој имаше пет секунди предност во однос на Хамилтон, и му помогна на клупскиот колега да се залепи зад Финецот. 
Губитник број 1 на денешната трка беше Себастијан Фетел, кој во првиот круг се удри во Хамилтон, па се најде на последното место, и затоа за него и четвртото место е „премија“, иако пред трката сигурно немаше да биде задоволен со таков пласман. 

 

Најнови вести