Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2018

Кубица во трка со времето да се врати на патеките на Ф1

Полјакот поради тешката сообраќајка во 2011 година, се повлече од Формула 1, но цели кон повторно седнување зад воланот, дури и да не биде во Формула 1.

Резервниот возач на Вилијамс тимот, Роберт Кубица, има желба повторно да седне во болид и повторно да биде дел од трките во Формула 1. Полскиот возач во 2011 година претрпе тешка сообрајќајка на една рели-трка, од која долго време му беше потребно целосно да закрепне.

Кубица оваа сезона е ревервен возач на Вилијамс, но притиска да биде меѓу двајцата главни претставници на тимот за следната сезона, и тоа на многу необичен начин. Неговиот татко е инвеститор во тимот на Форс Индија, па преку него Форс Индија се надева дека ќе го ангажира Ленс Строл, еден од возачите на Вилијамс, и така ќе се ослободи место за Кубица во британскиот тим.

„Потрошив многу време и труд да се вратам во форма и се надевам дека ќе бидам меѓу останатите возачи во Австралија следната сезона. Доколку не добијам шанса повторно да се натпреварувам во Формула 1, ќе се обидам да добијам шанса во други мото шампионати. Но, засега сум фокусиран само на Ф1 и Вилијамс“, посочи Кубица.

Искусниот возач последен пат настапи на трката за Големата награда на Абу Даби во 2010 година.

Најнови вести