Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Во трка со опасен инцидент Фетел се искачи на тронот

На ГН за Белгија најбрз беше Германецот од Ферари

Германскиот возач Себастијан Фетел е победник на трката за големата награда на Белгија. На патеката Спа Франкошамп ја контролираше трката и на крајот стигна до третото славје на оваа стаза. За германскиот возач ова е петта победа сезонава и 52 во кариерата. Со овој триумф, Фетел го надмина легендарниот Алан Прост, кој во кариерата имаше 51 победа. 
На денешната трка Фетел зад себе го остави неговиот најголем ривал Луис Хамилтон, додека третото место му припадна на Макс Верстапен. На четвртото место заврши Ботас, а потоа следуваат Перез, Окон, Грожан и Магнусен.
Трката во Белгија започна со еден спектакуларен инцидент во кој учествуваше Фернандо Алонсо. Некогашниот Ф1 шампион со неговиот болид буквално падна врз болидот на Карлес Леклерк. За среќа, инцидентот помина без никакви посериозни последици за возачите. 
И по оваа трка, Хамилтон е прв во генералниот пласман. Британецот има 231 бодови, пред Фетел кој сега е со 214 бодови. Далеку зад овие двајца се останатите без речиси никакви шанси во борба за титулата. Кими Раиконен има 146 бодови, Ботас е со 140 бодови, а Верстапен досега собра 120 поени. Со повеќе од 100 поени е само уште и Рикиардо кој има 118 освоено во тековната сезона. 

 

Најнови вести