Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Едно е сигурно во Ред Бул - Алонсо нема да го замени Рикијардо

Веќе неколку возачи се на листата за потенцијални замени за aвстралискиот возач, но, за Алонсо нема место

По најавеното заминување на Даниел Рикијардо од Ред Бул, се појавија неколку штекулации околу тоа кој ќе го замени Австралиецот. Но, едно е сигурно според тимскиот шеф, Кристијан Хорнер,  Фернандо Алонсо нема да вози за австрискиот тим.

„Имам голем респект кон Алонсо, тој е одличен возач, но знам дека не постои ниту една варијанта тој да вози за Ред Бул. Историјата вели дека, каде и да оди тој создава хаос во секој тим, а тоа не би било добро ниту за нас. Ние преферираме да се потпреме на млади возачи, а не да ангажираме ветерани кои се во залезот на кариерата“, истакна Хорнер.

Алонсо имаше неколку шанси во минатато да вози за тимот на Ред Бул, меѓутоа ги одби во неколку наврати. Најблиску до соработка беше во 2009 година, но наместо да се договори со Австријците, тој се одлучи за Ферари.

Најнови вести