Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Големиот шампион ќе се прости – Алонсо ја напушта Формула 1

Големиот шампион во летечкиот циркус, во Формула 1, Фернандо Алонсо објави дека оваа сезона е последна за него и дека ќе се повлече

Двократниот шампион беше дел од возбудливите трки во Ф1 точно 17 години и има 32 победи, а дури 97 пати беше на подиумот. Двете титули ги освои едноподруго во 2005 и 2006 година и оттогаш немаше многу среќа со изборот на тимовите. Во последните неколку сезони ретко беше конкурентен за шампионската круна и тоа веројатно е најголемата причина за повлекувањето.
„По прекрасни 17 години одлучив да направам промена и да се посветам на нешто друго. Уживав во секој момент во Формула 1 и им благодарам на сите што придонесоа да се чувствувам неверојатно. Одлуката ја донесов пред неколку месеци, но до крајот на оваа сезона на сите трки ќе атакувам на победа со истата страст како и секогаш“, изјави Алонсо.

 

Најнови вести