Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2018

Алонсо суспендиран на три натпревари поради насилно однесување

Маркос Алонсо, фудбалерот на Челзи, е суспендиран на три натпревари поради насилно однесување по стартот над Шејн Лонг, играчот на Саутхемптон, во натпреварот од Премиер лигата.

Алонсо го згази на грбот Шејн Лонг, а е суспендиран ретроактивно бидејќи судиите не го виделе инцидентот кој се случи во саботниот натпревар.
Шпанецот ќе го пропушти натпреварот против Барнли во Премиер лигата, полуфиналниот дуел од ФА купот против Саутхемптон во недела и првенствената средба со Свонси на 28-ми април. Алонсо е единствениот играч  на Челзи кој вчера беше избран во најдобриот тим на Премиер лигата.

Најнови вести