Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2017

Проблематичен вторник на Вимблдон: 100% дожд, ветар...

Денешните временските услови во Лондон нема да им одат од рака на тенисерките, коишто ги очекуваат четврт-финалните дуели, како ниту на Новак Ѓоковиќ и Адријан Манарино.

На официјалната интернет-страница на Вимблдон е објавена временската прогноза за денес, 11-ти јули, и метеоролозите немаат дилема дека дождот ќе им прави големи проблеми на организаторите.
Всушност, веројатноста за врнежи е 100%, а се очекуваат шест милилитри по квадратен метар. Се очекува температура од 20 целзиусови степени, а ќе дува југозападен ветар со брзина од десет до дваесет метри во секунда. Дожд врнеше само првиот ден на натпреварувањето, но само 45 минути.
Ѓоковиќ поради мракот не можеше на теренот вчера и на Централниот терен против Манарино треба да излезе денес од 13 часот.
Двата четврт-финални натпревари во женска конкуренција, Венус Вилијамс – Елена Остапенко и Јохана Конта – Симона Халеп, исто така, би требало да бидат одиграни на најголемиот стадион, додека на теренот број 1 преостанатите два дуела од оваа фаза на натпреварувањето меѓу Гарбиње Мугуруса и Светлана Кузнецова и меѓу Магдалена Рибарикова и Коко Вандевеј.

Најнови вести