Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2015

Серина Вилијамс прва обезбеди учество на завршниот турнир

Серина Вилијамс, најдобрата тенисерка на светот, стана првата играчица која избори пласман на завршниот турнир во Сингапур, стои во соопштението на интернет-страницата на ВТА.

Серина Вилијамс местото меѓу осумте најдобри тенисерки го осигури повеќе од три месеци однапред благодарение на победата од 2:1 против Хедер Вотсон во третото коло на Вимблдон.
„Пресреќна сум што станав прва играчица која се пласира во финалето и едвај чекам да се вратам во Сингапур да ја одбранам титулата. Минатата година прв пат играв таму, публиката е неверојатна и навистина уживав“, изјави Вилијамс.
Серина досега има освоено 20 гренд слем титули и ѝ недостасуваат уште две за да ја стигне Штефи Граф, а четири Маргарет Корт-Смит.
Оваа сезона беше шампионка на Отвореното првенство на Австралија и на Ролан Гарос, додека во осминафиналето на Вимблдон ќе игра против постарата сестра Венус.

Најнови вести