Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2015

Ѓоковиќ: Тревата ви е вкусна годинава

изјави дека освојувањето на трофејот во Лондон е нешто поради што целиот живот напорно работел и тренирал.

„Да се игра против Роже на централниот терен е еден од најголемите предизвици и голема чест. За ваквите натпревари работиш напорно, тренираш цел живот и замислуваш дека го држиш овој трофеј“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ до третиот триумф на Вимблдон дојде по два часа и 55 минути игра – 7:6 (7:1), 6:7 (10:12), 6:4, 6:3.
„Привилегија е да се игра против Роже, бидејќи е голем шампион, тој толку направи за нашиот спорт и дефинитивно е некој од кого би требало да учат нашите играчи. Бев свесен дека нема да се предаде лесно и дека ќе игра најдобро што знае кога е најважно. Тој просто ве тера да одите преку своите граници и да го дадете максимумот“, изјави Ѓоковиќ.
Потоа, тој даде коментар и за соработката со тренерот Борис Бекер.
„Ова беше долго патување, требаше малку време за да се разбереме еден со друг. Тој е Германец, а јас Србин, тоа е голема разлика, но успеавме да најдеме хемија“, додаде Ѓоковиќ.
Новак по последниот поен клекна на тревата и проба од прочуената вимблдонска трева. Новинарите ги интересираше да даде коментар и за специфичната прослава на триумфот во Лондон.
„Вкусот е одличен оваа година, не знам што правеле луѓето коишто го средуваат теренот, но завршиле добра работа. Како мал сонував како го освојувам овој турнир, а кога ќе ги остварите своите соништа, тогаш ќе направите вакво нешто“, изјави Ѓоковиќ.

Најнови вести