Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Изненадување! Федерер елиминиран, Ѓоковиќ се радува

Австралиецот Џон Милман, кој е на 55-тото место на АТП-листата славеше со 3:1 во сетови

Роже Федерер е елиминиран во осминафиналето на последниот Гренд слем турнир за годинава, Отвореното првенство на САД. Швајцарскиот тенисер неочекувано беше поразен од Австралиецот Џон Милман со 3:1 во сетови. 
Ваквиот расплет на мечот најмногу може да го радува Новак Ѓоковиќ, бидејќи Србинот го очекуваше победникот од овој меч за ривал во четврт-финалето. Сигурно на популарниот Ноле многу полесно ќе му биде да се подготви за дуел против Милман отколку против големиот ривал Федерер. Сепак  и Австралиецот покажа дека знае да одигра одлично и против најдобрите. 
Првиот сет на дуелот Федерер – Милман не навестуваше дека може да има изненадување. Швајцарецот започна рутинирано и го доби со 6:3, но потоа започна драмата. Следните три сета траеја повеќе од три часа. Во вториот сет беше 5:5, кога Милман успеа да ги добие следните два гема и со 7:5 да израмни во сетови. 
Третиот и четвртиот сет беа целосно израмнети и се решаваа во тај-брејк. Во третиот сет Милман во решавачкиот гем беше подобар со 9:7 и покажа дека е подготвен за чудо. Австралиецот продолжи во ист ритам и повторно стигна до тај-брејк. Федерер веќе делуваше уморно, па Милман повторно беше подобар, овојпат со 7:3, што значеше и крај на мечот. 
Сега Милман во четврт-финалето ќе се обиде да направи ново изненадување во дуелот против Ѓоковиќ. 

 

Најнови вести