Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Федерер скромен: Не можам јас со 37 години да бидам фаворит на Отвореното пренство на САД

Швајцарецот не верува дека е меѓу фаворитите за овојување на Гренд слемот во Њујорк

На минатогодишното издание на Отвореното првенство на САД, Роже Федерер се мачеше со повреда на грбот и успеа да стигне само до четврт-финалето, каде што беше елиминиран од Хуан Мартин дел Потро. На десет дена (27-ми август) пред почетокот на четвртиот овосезонски Гренд слем, Швајцарецот истакна дека не се смета меѓу главните тенисери за освојување на големиот тениски турнир во САД.
„Човек со 37 години не може да биде фаворит на еден Гренд слем. Овој турнир го немам освоено десет години, што значи дека не сум играл добро“, вели Федерер.

Точно е дека Роже го нема освоено Отвореното првенство на САД веќе десет години, но во неговите најдобри денови го освојуваше пет пати во низа, од 2004 година до 2008.

Швајцарскиот ветеран моментално настапува на АТП мастерсот во Синсинати, турнир кој служи како загревање пред Отвореното првенство на САД, а во третото коло го очекува Аргентинецот Леонардо Мајер.

Најнови вести