Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Федерер и Ѓоковиќ сигурни патници во осминафинале, Колшрајбер го изненади Зверев

Швајцарецот во три сета беше подобар од Кирјос, Новак во исто толку сетови го победи Гаске, осминафиналните двојки на УС Опен полека се комплетираат

  Роџер Федерер без поголеми проблеми го совлада Ник Кирјос со 3-0 (6-4, 6-1, 7-5) во сетови и си обезбеди осминафинална пресметка против      уште еден Австралијанец, Џон Милман, кој пак во претходното коло го елиминираше Михаил Кукушкин.

Новак Ѓоковиќ одигра фуриозен натпревар против францускиот тенисер Ричард Гаске, победувајќи го со 3-0 ( 6-2, 6-3, 6-3). Српскиот ас во следното коло ќе игра со Португалецот Жоао Суса, кој беше подоабр во дуелот против Лукас Пуил.

Изненадувањето на колото е елиминицајата на Александер Зверев од неговиот сонародник Филип Колшрајбер, со 3-1 (6-7, 6-4, 6-1, 6-3) во сетови, па така постариот гермнаски тенисер си обезбеди осминафинална пресметка со Јапонецот Кеи Нишикори, кој имаше лесна задача против Диего Шварцман.

Марин Чилиќ со сензационален пресврт се пласираше во следната рунда, откако се најде во негатива од два сета против Алекс Де Милнур, па победи со 3-2 ( 4-6, 3-6, 6-3, 6-4, 7-5). Хрватот закаѓа осминафинале со Гофан.

Кај жените, најголемо изненадување приреди Доминика Цибулкова, која со 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 6-3) ја елиминираше шампионката на Вимблдон, Анџелика Кербер. Остапенско беше лесен плен за Шарапова, која во два сета (6-3, 6-2) го реши победникот на тој меч.

РЕЗУЛТАТИ МАЖИ:

Федерер – Кирјос 3-0

Пуил – Суса 1-3

Колшрајбер – Зверев 3-1

Шварцман – Нишикори 1-3

Струф – Гофан 0-3

Ѓоковиќ – Гаске 3-0

Чилиќ – Де Мулнур 3-2

РЕЗУЛТАТИ ЖЕНИ:

Цибулкова – Кербер 2-1

Синакова – Цуренко 0-2

Осака – Саснович  2-0

Шарапова – Остапенко 2-0

Квитова – Сабаленка 0-2

Најнови вести