Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Шнидер на 39 години сонува нов успех на Отвореното првенство на САД

Пати Шнидер има 39 години, имаше солидна тениска кариера, а сè уште игра и сонува за продолжување на традицијата во Њујорк, на последниот Гренд слем турнир во сезоната

На секои 10 години Пати Шнидер знаеше да блесне во Њујорк на Отвореното првенство на САД и двапати во 1998 и во 2008 година беше меѓу најдобрите на комплексот терени на „Флешинг Медоуз“. Ако се оди по традицијата, и годинава 39-годишната ветеранка сонува за трет подвиг.
Некогаш 15-рангираната светска тенисерка, сега на ова издание на Отвореното првенство на САД игра квалификации. И веќе мина три пречки и се пласира на главниот турнир. Сега е во редот на аутсајдерите, веќе е ветеранка, но уште има магија со рекетот и умешно се носи со помладите од себе. 
При крајот на минатиот век и во првата декада од овој милениум, Швајцарката беше една од најдобрите светски тенисерки. Освои вкупно 11 ВТА титули, а ги победуваше најдобрите на светот, вклучувајќи ја Серина Вилијамс, Штефи Граф, Амели Морезмо, Линѕи Девенпорт, Ким Клејстерс Џенифер Капријати, Марија Шарапова, Аранча Санчез-Викарио....

 

Најнови вести