Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Возњацки се мачи со повреди, Бертенс имаше лесна задача во Синсинати

Актуелната Гренд слем шампионка од Отвореното првенство на Австралија, Каролина Возњацки, се мачи со повредата на десното рамо и по изгубениот прв сет, ѝ го предаде мечот на Кики Бертенс во второто коло на турнирот во Синсинати

Возњацки изненади на почетокот на сезоната освојувајќи ја својата прва Гренд слем круна во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија, но сега формата ѝ е во надолен тренд, а се мачи и со повреди. Ноќеска данската тенисерка едвај издржа еден сет против Кики Бертенс и откако го загуби со 4:6, го предаде мечот. Проблем за Возњацки е повредата на десното рамо, а не помогна ниту медицинскиот третман, па Каролина мораше да го предаде мечот. Бертенс ќе игра во осминафиналето против Анет Контавејт.

Најнови вести